Утрински Весник
Свет

Бебе од една година се удавило во морето додека родителите подготвувале вечера на Нов Зеланд

Бебе од една година се удавило во морето додека родителите подготвувале вечера на Нов Зеланд

Девојче од Нов Зеланд се удавило додека нејзините родители подготвувале вечера на катамаран за време на семеен одмор на Фиџи.

dobivaj vesti na viber

„Додека ја најдовме, веќе беше доцна“, напишал семеен пријател на страницата за собирање средства за покривање на трошоците за авионскиот пат од Фиџи до Нов Зеланд, како и за погребот на девојчето, кое имало една година.

Тој додаде дека Махина била прекрасно, весело и насмеано дете, кое ги сакало водата и животот на бродот.

Махина си играла на палубата на бродот додека нејзините родители Марк и Кири подготвувале вечера во кујната.

Тие верувале дека Махина била безбедно врзана за појасот на палубата на бродот и дека во тоа време гледала филм.

Кога се вратиле на палубата, не ја нашле таму и очајно ја барале додека не ја виделе како лебди во морето, објави The New Zealand Herald.

Полицијата во Фиџи соопшти дека Махина, најверојатно, се одврзала од појасот и завршила во водата. Случајот се истражува.

Министерството за надворешни работи соопшти дека е запознаено со случајот и му понуди помош на семејството.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење