Утрински Весник
Спорт

Бартомеу си замина по 22 години – Бодирога е новиот претседател на Евролигата

Бартомеу си замина по 22 години – Бодирога е новиот претседател на Евролигата

Легендата на југословенската и српската кошарка Дејан Бодирога и официјално стана нов претседател на Евролигата. Трикратниот освојувач на Евролигата, Бодирога, истовремено ќе ја извршува функцијата директор, а Џорди Бертомеу заминува во пензија по 22 години.

dobivaj vesti na viber

По блескавата играчка кариера, Бодирога беше потпретседател на Кошаркарската федерација на Србија од 2011 до 2015 година, а потоа и претседател на натпреварувачката комисија на ФИБА Европа.

„Влегуваме во нова ера на Евролигата. Во текот на изминатите дваесет години, елитното европско кошаркарско натпреварување стана сила во глобалниот спорт. Би сакал да му се заблагодарам на Џорди Бертомеу и неговиот тим за нивната визија и напорна работа и со нетрпение очекувам да продолжам да го проширувам влијанието на Евролигата и Еврокупот“, рече Бодирога.

За нов извршен директор беше назначен Маршал Гликман, кој долго време беше присутен во советничка улога.

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција