Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Водата од хидроакумулацијата ХЕЦ Глобочица се прелива без притоа да произведе ниту еден кWh електрична енергија

ВМРО-ДПМНЕ: Водата од хидроакумулацијата ХЕЦ Глобочица се прелива без притоа да произведе ниту еден кWh електрична енергија

Владата донесе Одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на национално ниво поради недостиг на истата и состојбите на пазарите на електрична енергија, која стапи на сила од 01.09.2022 година во траење од 30 дена. Веќе без сомнение може да се констатира дека СДС и раководството на АД ЕЛЕМ/ ЕСМ се директни виновници за оваа кризна состојба во која се наоѓаме. Сето ова се потврдува, со нестручното, непрофесионалното и недомаќинското работење на раководството на АД ЕЛЕМ/ЕСМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Замислете, во ваква енергетска кризна состојба АД ЕЛЕМ поради лошото планирање на производството и ненавремените ремонтни активности во ХЕЦ Глобочица овие денови се случува прелив, односно водата од хидроакумулацијата се прелива без притоа да произведе ниту еден кWh електрична енергија!

Во прилог е табелата на која јасно се гледа колку вкупно метри кубни во секунда се прелеани од хидроакумулација Глобочица без да биде произведена електрична енергија. Ова е недозволиво да се случува во нормални услови, а не пак во енергетска кризна состојба!

ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од раководството на АД ЕЛЕМ/ ЕСМ!“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Азир Алиу објави дека останува во ВРЕДИ

Големиот Медитерански влажен бран ни донесе над 40 литри дожд на м/2

Најнов политички бриф и наоди на БЦСДН: Сериозна ерозија на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција: Бараме поодлучна акција од ЕУ