Утрински Весник
Спорт

Барселона остана без победа против Џирона

Барселона остана без победа против Џирона

Барселона не успеа да ја совлада Џирона на „Камп Ноу“ откако ремизираше без голови. Тимот на Чави Ернандез сѐ уште не се опорави од убедливиот пораз во Ел Класико и елиминацијата во Кралскиот куп од Реал Мадрид. Сепак, во Ла Лига сега каталонскиот тим има 13 бода предност во однос на Реал.

dobivaj vesti na viber

Левандовски и Рафиња се заканија кон голот на Газанига, но не беа успешни. Сепак, Џирона ја имаше најубавата шанса преку Касталјанос кој излезе сам пред Тер Штеген во второто полувреме, но шутираше непрецизно.



Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина