Утрински Весник
Спорт

Барселона нема намера да плати 40 милиони евра за Брозовиќ

Барселона нема намера да плати 40 милиони евра за Брозовиќ

Марцело Брозовиќ одигра одличен натпревар против Верона и со две асистенции учествуваше во победата на Интер од 6:0. Италијанските медиуми пишуваат за неговата сензационална игра во двата правци, а шпанските за обидот на Интер да го продаде на Барселона.

dobivaj vesti na viber

Интер се соочува со финансиски проблеми и се очекува во летниот преоден рок да биде ограничен во купувањето на нови играчи, односно за да купува ќе мора да продаде некои од носителите на играта. Хрватскиот репрезентативец е еден од оние за кои Интер смета дека може да заработи.

„Мундо Депортиво“ наведува дека Интер за Брозовиќ ќе прифати сума од 40 милиони евра. Наводно за него се интересираат Арсенал и Тотенхем, а неговото име се поврзува и со Барселона.

За разлика од англиските тимови Барселона на Интер му нуди трампа, Брозовиќ за Франк Кеси.

Брозовиќ одигра 321 натпревар за Интер, со кој беше шампион на Италија во сезоната 2020/2021, неговиот договор истекува во јуни 2026 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина