Утрински Весник
Спорт

Барса немаше проблеми кај третолигашот Сеута

Барса немаше проблеми кај третолигашот Сеута

Барселона рутински се пласираше во четврт-финалето на шпанскиот Куп на кралот, откако на гостувањето кај Сеута стигна до убедлива 0:5 победа. Иако тренерот на Сеута, Хозе Хуан Хил беше навреден кога Чави Ернандез кажа дека имале „среќа“ со ждрепката, на крајот ова се покажа како вистинска прогноза за каталонскиот тим.

dobivaj vesti na viber

По неизвесното прво полувреме, во кое Сеута успешно се бранеше, во 43. минута, Рафиња го отвори резултатот, пред во второто да се види целосната доминација на гостите. Роберт Левандовски во 50. минута зголеми на 0:2, за сите сомнежи за резултатот да бидат решени со головите на Ансу Фати (70.) и Франк Кеси (77.).

Полјакот Левандовски постигна уште еден гол во 90. минута за потврда на високиот триумф.

Можете да прочитате

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство