Утрински Весник
Македонија

Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија – „Бистро-Матно“

Picture 1344 660x500 1.jpg

Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија за април по нивното следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“, во „бистрите“ настани ги посочува уапсените 17 припадници на затворската полиција поради поврзаност со бегство на затвореник и МВР ќе поднесе две кривични пријави поврзани со изборите.

Според  барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, стои во соопштението, како „матни“ настани се наведени забечешките од извештајот на Стејт Департментот за сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и обвинителството, како и оценката од Фридом Хаус за назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија.

Посочни се и случаите на Управниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, жалбите од граѓаните кај Омбудсманот за долги предистражни постапки на ОЈО Скопје со што застаруваат кривичните дела и Управниот суд кој поништи над 3.

000 решенија за унапредување и вработување во Министерството за финансии и јавниот сектор. цр/са/Фото: принтскрин .

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи