Продукцијата „Банана филм“ ја демантира Агенцијата за филм oд каде претходно денеска порачаа дека за потрошени 985.000 евра буџетски пари отчет мора да има.
Демантот на продукцијата на режисерот Милчо Манчевски го пренесуваме во целост:
„Инспекцијата на Министерството за култура констатираше на 04.04.2023 дека нема никакви неправилности во работата на „Банана филм“. Тоа е затоа што сите извештаи за филмовите на „Банана филм се законски – што и самата Агенција го потврдила со тоа што претходно ги прифатила истите тие извештаи!
Измислувањето неправилности, донесувањето незаконски одлуки, уценувањето со непотпишување на договори, неисплата на долгови од државни институции и медиумска кампања во партиски медиуми е одмазда кон укажувач затоа што ние во неколку наврати ја пријавивме незаконската работа на одговорните во Агенцијата за филм и ДФРМ, за што постојат и докази, како и наоди на Државниот завод за ревизија, Антикорупциска комисија (ДКСК) и Транспаренси интернешнл.
Повторно ги повикуваме институциите и Владата да се справат со корупција и незаконско работење (вклучувајќи и одмазда кон укажувач) во своите редови.
ЛИНКОВИ:
https://transparency.mk/wp-content/uploads/2023/06/agenczi%D1%98a-za-film-soopshtenie.pdf
https://dzr.mk/mk/230525-revizija-na-regularnost-2022-agencija-za-film-so-prodolzhena-revizija-na-drushtvo-za-filmski?fbclid=IwAR3Ha1Rrb1Nz5m9Gggtb0UrL7gvXFvGqwVczNhqlii3VAQHi3UusX1QXRws“, се вели во демактот.