Утрински Весник
Свет

Балистички напад врз Киев – 24info.mk

Napad Bejrut.jpg

Руските сили изведоа напад со балистички проектили врз Киев, соопшти 4news.mk, а во главниот град и во повеќе региони е прогласена воздушна тревога, пренесува „Украинска правда“.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека се случуваат експлозии и ги повика жителите да останат во засолништа:
„Експлозии во главниот град. Киев е под балистички напад. Силите на противвоздушната одбрана се активни. Останете во засолништа!“, порача Кличко.

Тимур Ткаченко, началник на Киевската градска воена управа, исто така информираше дека „непријателски напад со балистички проектили е во тек“.

Украинските воздухопловни сили објавија дека се регистрирани „брзи воздушни цели над Черниговската област кои се движеле кон Киевската област, а потоа и кон самиот главен град“.

Можете да прочитате

Зеленски ја потпиша одлуката за воведување нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс

Петкатна зграда се урна во Либан – лица заробени под урнатините

Шефот на кабинетот на Стармер поднесе оставка