Утрински Весник
Свет

Багаи: Иранскиот предлог за завршување на војната беше дарежлива и одговорна понуда

Iran zname.webp.webp

Иранскиот предлог за завршување на војната со САД и повторно отворање на Ормуска Теснина беше легитимно барање, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи.

Сигурно преминување низ Ормуска Теснина и воспоставување на безбедност во регионот и во Либан беа другите барања на Иран, што се смета за дарежлива и одговорна понуда за регионалната безбедност – истакна Багаи.


Тој додаде дека Техеран бара и ослободување на иранските средства „што се неправедно замрзнати во банките под американски притисок“.

Багаи ја предупреди Европа да се воздржи од потези кои би ги загрозиле нејзините интереси.

Како што реков, оваа војна не е само неетичка, туку и нелегална. САД и Израел почнаа агресија против Иран, европските земји не треба да бидат измамени и вовлечени во оваа ситуација – посочи Багаи, додавајќи оти Иран од државите очекува „одговорно да постапуваат“.

Можете да прочитате

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали