Утрински Весник
Спорт

Баерн ги отпушти Салихамиџиќ и Кан

Баерн ги отпушти Салихамиџиќ и Кан
300x250 (7)

Баерн Минхен им врачил отказни решениа на Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан. Информацијата ја објави „Билд“, веднаш по завршувањето на натпреварот во Келн.

dobivaj vesti na viber

Баерн денеска гостуваше во Келн и по голема драма ја освои 11. последователна титула. Голот на Џамал Мусиала во 89. минута им ја донесе титулата на Баварците, откако Борусија Дортмунд играше нерешено со Мајнц (2:2).

Ss1

Салихамиџиќ од трибините на стадионот во Келн нервозно ја следеше големата драма, а на крајот беше снимен како скока од радост. За разлика од спортскиот директор, извршниот директор Оливер Кан, не беше на стадионот во Келн. „Билд“, тврди дека Кан дознал дека ќе добие отказ и поради тоа не се појавил на стадионот. .

Нов спортски директор на Баерн ќе биде Кристијан Дрис. Ова наскоро треба да биде потврдено на состанокот на Управниот одбор во Минхен.

Иако титулата е освоена, Баерн сезоната ја смета за неуспешна бидејќи предвреме испадна од Купот на Германија и од Лигата на шампионите.

Салихамиџиќ и Кан беа критикувани за трансфер политиката, а најмногу за смената на тренерот Јулијан Нагелсман.

Ss1

Можете да прочитате

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи

Албански стратег кој со Шкендија беше шампион во мак-фудбалот е нов тренер на Шкупи

(Видео) Браќата на Јокиќ натепаа навивач на трибина