Виљареал објави соопштение преку кое ја извести јавноста во Шпанија дека нивниот фудбалер Алехандро Баена поднел тужба до шпанската полиција против играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде
Уругваецот го удрил Баена, на паркингот пред стадионот „Сантијаго Бернабеу“, по завршувањето на натпреварот Рел-Виљареал (2:3).
„Фудбалерот на Виљареал, Алекс Баена претрпе насилство кога одеше кон тимскиот автобус по натпреварот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Соочен со оваа ситуација, играчот одлучи да поднесе соодветна тужба против агресорот до Националната полиција. Виљареал уште еднаш отфрла каков било чин на насилство и цврсто верува во верзијата на својот играч, кого ќе го поддржува во текот на овој процес“, се вели во соопштението на клубот.
„Марка“, пишува дека на Валверде во моментов не е соочен со спртски санкции, бидејќи претставката е поднесена само до полицијата, но не и до Дисциплинската комисија на Ла Лига.
Според „Ел Чирингито“, девојката на Валверде стапила во контакт со Баена, барајќи од него да не поднесува тужба.
Сепак, играчот на Виљареал одговори дека веќе ги демантираше сите приказни за неговите наводни коментари за нероденото дете на уругвајскиот репрезентативец. На крајот Баена се обрати до полицијата, која веќе зела изјави од двете страни, во кои Валверде го призна инцидентот.