Утрински Весник
Македонија

Бадниковата поворка кај претседателката Сиљановска Давкова

20260106151032 big 730x400 41.webp.webp

Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки остварија празнична посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова.

-Бадниковата поворка и годинава ме посети, носејќи радост и светлина. Најискрените гласници на верата и мирот – децата, пеејќи за вечниот Бог и Божјата љубов, го најавија Христовото раѓање, објави претседателката на Фејсбук.

Таа додаде дека во духот на празникот ги дарувала со Бадникови пакетчиња, а тие, како што пишува во објавата, „небаре славејски хор, со озарени лица и блескави насмевки ја поттикаа мојата надеж за подобро утре“.

-Со срца полни со љубов, си посакавме среќен Божиќ и си ветивме дека и понатаму ќе ја чуваме и негуваме вековната традиција, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.


Можете да прочитате

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, залихи има доволно

Сведоштво на мајка во „Ноќно студио“: Без никакво решение од Центар за социјални работи разведениот сопруг го зема детето

(Видео) Жртва на семејно насилство за 4TV: Системот не ги штити жртвите туку е на страна на моќниците