Утрински Весник
Македонија

Бајрам Реџепи ја демантира фотогафијата: Кандидатката на партијата Левица не беше присутна на таа вечера

Levica dui.jpg

“Сакам да ја информирам јавноста дека фотографиите што кружат на социјалните мрежи, поврзани со една изборна средба, како и начинот на кој тие тенденциозно се толкуваат во некои медиуми, се целосно невистинити, злонамерни и со јасна пропагандна позадина.

За појаснување, станува збор за редовна изборна активност, на која јас, заедно со сопругата и активистки од Форумот на жената на НАИ, учествував на промотивен настан со жени интелектуалки од градот, во рамките на претставувањето на нашата изборна програма.


👉На настанот учествуваа многу жени од Тетово.

Кандидатката на партијата Левица не беше присутна на таа вечера, и во ниту еден момент не се работи за состанок со одредени партиски структури или за нешто надвор од јавниот карактер на настанот.

Настанот беше целосно јавен, одржан во едно ресторан во центарот на градот, а секој обид да му се дадат други политички конотации е неоснован, тенденциозен и одвратен. Овој низок чин зборува повеќе за менталитетот на нарачателите на оваа ниска пропаганда отколку за самиот настан.

За разлика од другите, нашата коалиција за Тетово од самиот почеток е со граѓаните и за граѓаните.

Немаме што да криеме, ниту потреба да клеветиме.

На 2 ноември, во Тетово ќе победи слободниот и чесниот глас, а Тетово конечно ќе може слободно да здивне”, вели Бајрам Реџепи.

Можете да прочитате

Намалена видливост поради магла на патот Попова Шапка – Лисец

Шуга меѓу војници во касарната во Велес

СДСМ: Нема одговор од МВР – Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница