Утрински Весник
Свет

Бајден вети дека Украина нема да користи американско оружје, за да ја нападне Москва

Bajden.jpg

Претседателот Џо Бајден инсистираше на тоа дека американското оружје нема да се користи за напад врз Москва, откако даде зелено светло на Украина да напаѓа цели во Русија со оружје што го испорачува Западот.

-Имаат одобрение да се користат во близина на границата кога се користат од другата страна на границата за напад на одредени цели во Украина. Не дозволуваме напади на 200 милји во Русија и не дозволуваме напади врз Москва, врз Кремљ, изјави Бајден во интервјуто за Еј-Би-Си Њуз.

Бајден рече дека оружјето испорачано од САД било за удар „веднаш преку границата, од каде што добиваат значителен оган од конвенционалното оружје што го користат Русите за да одат во Украина за да убиваат Украинци.

Американските власти минатата недела рекоа дека Вашингтон делумно ги укина своите ограничувања за да и овозможи на Украина да го брани својот источен регион Харков, кој граничи со Русија. Промената во ставот на САД беше припишана од официјалните лица на руското секојдневно удирање на Харков, вториот по големина град во Украина.

Германија, исто така, соопшти дека и дала дозвола на Украина да пука со оружје доставено од Германија врз цели во Русија.

Можете да прочитате

До мај 2024 присилно раселени 120 милиони лица – УНХЦР предупредува да нема апатија и недејствување среде најголемото присилно раселување

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради непочитување на правилата за азил

Израелските тенкови влегоа подлабоко во Рафа