Утрински Весник
Свет

Бајден: Светот испрати јасна порака до Русија

Бајден: Светот испрати јасна порака до Русија

Генералното собрание на Обединетите нации го осуди обидот на Русија за незаконско анексија на четири делумно окупирани украински региони и ги повика сите земји да не го признаат овој потег.

dobivaj vesti na viber

Три четвртини од Генералното собрание, вкупно 143 земји, гласаа за резолуцијата, која исто така ги потврдува суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека гласањето испратило „јасна порака“ до Русија. „Влоговите во овој конфликт се јасни на сите, а светот испрати јасна порака како одговор – Русија не може да избрише суверена држава од мапата. Таа не може насилно да ги менува границите и не може да заземе територија на друга земја“, рече Бајден.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека гласањето покажува меѓународно единство против Русија и повтори дека САД никогаш нема да ги признаат „лажните“ референдуми. Гласањето е „силен потсетник дека огромното мнозинство нации стојат со Украина, ја бранат Повелбата на ОН и цврсто се спротивставуваат на војната на Русија против Украина и нејзиниот народ“, рече Блинкен.

Само четири земји ѝ се придружија на Русија во гласањето против резолуцијата – Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија. Србија, земја која традиционално ја поддржува Русија, исто така гласаше за осуда на руската анексија. Други 35 земји се воздржаа од гласање, вклучително и стратешкиот партнер на Русија Кина, додека останатите не гласаа.

Минатата недела Владимир Путин потпиша закони за припојување на четири украински региони кон Русија, со што ја заврши анексијата на окупираните територии на Украина и покрај протестите од целиот свет. Анексијата следеше по т.н „Референдуми“ во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, кои Украина и Западот ги отфрлија како лажни.

Со Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, вкупното барање на Путин изнесува повеќе од 22 отсто од територијата на Украина, иако точните граници на четирите региони што тој ги припои сè уште не се финализирани,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Тројно убиство: Словак се предаде во Линц, едно тело пронајдено во фрижидер

Белгиските власти приведоа двајца израелски војници по пријава за „сериозни воени злосторства“ во Газа

Арагчи: Иран ќе ја продолжи програмата за збогатување со ураниум