Утрински Весник
Свет

Бајден: САД ќе одговорат на нападот врз американските војници во Јордан

1706512612 Unnamed File.webp.webp

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе „одговораат“ оние кои се одговорни за нападот на американската база во Јордан, на границата со Сирија, во кој загинаа тројца американски војници, а најмалку 34 се ранети, обвинувајќи ги „радикалните милитантни групи поддржани од Иран“.

-Оние кои се одговорни за нападот ќе одговараат во време и на начин што ние ќе го избереме, рече Бајден.

Тројца американски војници загинаа, а најмалку 34 се ранети во нападот со беспилотно летало на помала американска база во Јордан, позната како кула 22. Тоа е првпат американски војници да бидат убиени од непријателски оган на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа.

Во меѓувреме, Исламски отпор во Ирак, интересна група на неколку вооружени милитантни фракции поддржани од Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, вклучувајќи го и нападот со беспилотно летало врз американската воена база.

Силите на Исламскиот отпор објавија на својот канал на Телеграм дека вчераутро извршиле напади со беспилотно летало, како дел од нивните напори, како што рекоа, „да се спротивстават на американските окупациски сили во Ирак“ и како одговор на израелските „масакри“ врз луѓето во Газа,пренесе Си-Ен-Ен.

Американските медиуми јавија дека  Бајден одржа минута молк за време на појавувањето во банкет сала на баптистичката црква на неговото патување во Јужна Каролина, како дел од кампањата за претстојните претседателски избори.

-Имавме тешка ноќ на Блискиот Исток. Изгубивме тројца храбри војници во напад на една од нашите бази, рече Бајден, а подоцна, по едноминутно молчење, додаде: „и ќе одговориме“.

Американскиот претседател во заминување подоцна во писмена изјава соопшти дека САД ќе ги „повикаат на одговорност“ извршителите на нападот во, како што најави, време и начин по избор на САД.

Неколку американски сенатори повикаа на силен одговор на нападот, а некои сугерираат дека целите во Иран, кои тие го гледаат како главен виновник за смртта на американските војници, треба да бидат директно погодени. Тие сметаат дека нападот во Јордан ја преминал таканаречената „црвена линија“, односно дека е дојдена точка каде што е неизбежен жесток одговор.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека е „бесен“, додавајќи дека „нема да толерира“ напади врз американските сили.

Тој, исто така, изјави дека ќе ги преземе сите неопходни активности за одбрана на САД, нивните војници и интереси.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд