Утрински Весник
Свет

Бајден размислува за дополнителни санкции против Русија поради смртта на Навални

1707053089 unnamed file.webp.webp

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека размислува за дополнителни санкции против Русија, три дена по смртта на противникот на Кремљ, Алексеј Навални.

– Веќе имаме санкции, но во процес сме на разгледување дополнителни, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа и повтори дека го смета рускиот претседател Владимир Путин за одговорен за смртта на Навални кој почина во петокот во затвор во рускиот Арктички круг.

САД и Европската унија веќе воведоа серија санкции против Москва од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе