Утрински Весник
Свет

Бајден разговараше со шефовите на земји блиски до Русија: Независноста е поважна од кога било

Бајден разговараше со шефовите на земји блиски до Русија: Независноста е поважна од кога било

Американскиот претседател Џо Бајден вчера инсистираше на „заеднички принципи на суверенитет, независност и територијален интегритет“, по разговорите со лидерите на петте централноазиски земји, па спомена можна посета на една од овие поранешни советски републики.

dobivaj vesti na viber

„Овие принципи денес се поважни од кога било“, рече американскиот претседател на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што може да се сфати и како прикриено предупредување за Русија.

„Со нетрпение очекувам да ве видам повторно наскоро, можеби во некоја од вашите земји“, додаде тој.

Џо Бајден одржа средба, прва од ваков вид на ова ниво, со лидерите на Таџикистан, Киргистан, Казахстан, Туркменистан и Узбекистан, јави агенцијата Франс прес.

Тоа се земји кои одржуваат блиски политички, економски и воени врски со Москва, но кои исто така работат на воспоставување добри односи со западните сили.

Шестмината лидери „дискутираа за многу теми: безбедност, трговија и инвестиции, поврзаност, потребата од почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите нации и тековните реформи за подобрување на доброто владеење и владеењето на правото“, се вели во соопштението објавено од Белата куќа.

„Ја забрзуваме нашата соработка“, рече Бајден, мислејќи на зголемената американска помош во борбата против тероризмот, создавањето платформа за поттикнување на економската размена и можниот дијалог за стратешките минерали.

„Светот е побезбеден ако сме заедно“, рече американскиот претседател за овој формат наречен Ц5+1.

Малку порано, украинскиот претседател Володимир Зеленски од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека Русија „јасно му се заканува“ на Казахстан.

Оваа земја ја дели со Русија најдолгата непрекината копнена граница во светот (повеќе од 7.500 километри).

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија