Утрински Весник
Свет

Бајден прогласи вонредна состојба во Калифорнија која се справува со поплави

Бајден прогласи вонредна состојба во Калифорнија која се справува со поплави
300x250 (7)

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска прогласи вонредна состојба во американската сојузна држава Калифорнија. Тој нареди федерална помош за Калифорнија бидејќи таа се соочува сo уште една голема бура, пишува Индипендент.

dobivaj vesti na viber

Како што објави Асошиејтед прес, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом претходно прогласи вонредна состојба во 21 округ. Тој исто така побара федерална помош од Бајден. Калифорнија се справува со поплавите и брзото топење на снегот во области кои сè уште се под густа снежна покривка, поради претходните бури.

Ss1

Најновата атмосферска бура, наречена „Ананас експрес“, бидејќи со себе носи суптропска влага од Тихиот Океан, најверојатно значително ќе ја погоди северна и централна Калифорнија.

Во повисоките делови на северна Калифорнија и во Сиера Невада ќе има обилен, влажен снег, објави Националниот хидрометеоролошки центар, а пренесува Индепендент.

И новото невреме во ниските области донесе обилни дождови, грмежи и силен ветер, надојдени реки и потоци и поплави неколку главни патишта во раните утрински часови.

Во округот Санта Круз, надојдениот поток уништи дел од главната улица во Сокел, град со 10.000 жители, оставајќи некои населби изолирани.

Во областа на заливот Сан Франциско, поплавите го прекинаа сообраќајот на неколку главни автопати, вклучувајќи го и Меѓудржавен 580 во Оукленд.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња