Утрински Весник
Свет

Бајден прогласи состојба на катастрофа во Калифирнија и одобри федерална парична помош за обнова

1706512612 unnamed file.webp.webp

Претседателот на САД Џо Бајден прогласи состојба на катастрофа во сојузната држава Калифорнија и одобри федерална помош за засилување на државните, племенските и локалните напори за обнова на областите зафатени од невремето и поплавите што се случија од 21 до 23  јануари.

Помошта вклучува грантови за привремено сместување и поправка на домови, евтини кредити за помош во загубите од уништениот но неосигуран имот, и други програми за помош на приватни и физички лица кои настрадале од катастрофата.

Федералното финансирање за обнова од поплавите е директно достапно во округот Сан Диего, еден од најнастраданите подрачја од поплавите при крајот на јануари.

Можете да прочитате

Интерпол уапси стотици лица осомничени за криумчарење африкански мигранти во Европа

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно богат за да си купи оружје

САД стануваат прва држава во светот која во целост ги бојкотира проверките на Советот на ОН за човекови права