Утрински Весник
Свет

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени злосторства“ во Украина, се вели во изјавата на двајцата лидери објавена по состанокот во Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Водачите ја повторија „својата цврста решеност дека Русија треба да одговара за широко документираните злосторства и воени злосторства извршени и од нејзините редовни воени сили и од нејзините полномошници, вклучително и платеници“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Макрон во вторникот пристигна во Вашингтон во својата втора државна посета на САД од преземањето на функцијата во 2017 година.

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември