Утрински Весник
Магазин

Режисерот на Love Actually жали за изборот на актери: Се чувствувам непријатно

Режисерот на Love Actually жали за изборот на актери: Се чувствувам непријатно

Режисерот на „Всушност, љубов“, Ричард Картис, призна дека се чувствува глупаво што во неговиот филм нема диверзитет.

dobivaj vesti na viber

Култниот божиќен класик беше на удар на критики во последниве години поради недостатокот на различност. Заплетот на филмот се врти околу осум парови кои сите се лабаво поврзани  и речиси сите се бели. Зборувајќи со Дајан Соер за специјалната програма на Еј-би-си во пресрет на 20-годишнината од филмот, Картис рече дека ова е нешто за што длабоко жали.

„Има работи што би ги променил, но фала богу општеството се менува. Мојот филм во некои моменти се чини застарен. Недостатокот на диверзитет ме прави да се чувствувам непријатно и малку глупаво. Има таква неверојатна љубов што се случува секоја минута на толку многу начини, низ целиот свет, и ме тера да посакувам мојот филм да биде подобар“, рече тој.

Режисерот подоцна додаде дека кога филмовите се добро направени, тие „служат како потсетник за тоа колку нештата можат да бидат убави и како постојат различни работи покрај кои можеме да поминеме, а кои всушност се најдобрите моменти од нашите животи“.

Можете да прочитате

Почина момчето на една од најдобрите тенисерки во светот!

Моника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

Сѐ е подготвено за Саемот на мебел 2024 година, од утре започнуваат деновите на големи саемски попусти и одлични понуди – посети го Саемот и „Освежи го својот дом“