Утрински Весник
Свет

Бајден ги шокираше гледачите во емисија на познат водител: Откри дека размислувал за самоубиство

Bajden.png

Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со радио водителот Хауард Стерн за мрачните времиња кога неговата прва сопруга и ќерка загинаа во сообраќајна несреќа, а тој откри дека размислувал и за самоубиство.

– Не пијам. Тоа не е доблест, но навистина никогаш не сум пиел. Сакав само да пијам и да се опијанам, но не можев да се натерам да го направам тоа. Не треба да си луд за да се самоубиеш. Откако си бил на врвот на планина, мислиш дека никогаш повеќе нема да бидеш таму, така се чувствував. Ина момент помислив дека можеби еден ден само ќе отидам до Меморијалниот мост Делавер и ќе скокнам, но имав две деца и тоа ме спречи – раскажува тој во интервју во живо на радио кое ги изненади слушателите.

Иако има дадено неколку интервјуа откако ја презеде функцијата претседател, овој настап не беше вклучен во неговиот јавен распоред, пишува Дејли мејл.

Можете да прочитате

ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа

Бајден испраќа нов пакет воена помош од над милијардa долари за Израел

Украински дронови влегле 1000 километри во Русија, прекинати летовите на два аеродроми