Утрински Весник
Свет

Бајден: Г7 го договори пристапот кон Кина

САД планираат нови санкции кон Русија, ќе бидат насочени кон клучните индустрии
Ss2

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека членките на Г7 се согласиле за заеднички пристап кон Кина, повикувајќи на диверзификација на синџирите на снабдување со цел да се намали зависноста од таа земја, и навести дека наскоро би можел да разговара со кинескиот претседател.

dobivaj vesti na viber

„Не сакаме да се оддалечиме од Кина. Сакаме да ги намалиме ризиците и да ги диверзифицираме нашите односи со Кина“, рече Бајден на прес-конференција на последниот ден од самитот на Г7 во Јапонија.

Ss1

Лидерите на седумте земји го истакнаа тој пристап во вчерашното соопштение, поради што кинеската амбасада во Јапонија ја повика Г7, како што наведе, да престане да создава конфронтација и поделби.

И покрај ваквата реакција, Бајден рече дека очекува подобрување на односите со Кина „многу брзо“. Последниот спор меѓу двете сили беше околу кинескиот балон што беше соборен од САД откако прелета над чувствителни воени локации.

„Мораме да имаме отворена телефонска линија“, рече Бајден. Тој нагласи дека минатата година за време на состанокот на Г-20 на Бали се договорил со Си Џинпинг да продолжи комуникацијата, но се’ се променило по скандалот со „балонот со два вагона шпионска опрема“.

Бајден навести дека наскоро би можело да дојде до промена во односите меѓу САД и Кина.

„Што се однесува до нив, мислам дека ќе го видите тоа подобрување многу брзо“, рече Бајден.

Зборувајќи за тензиите меѓу Кина и Тајван, Бајден посочи дека меѓу повеќето сојузници постои јасно разбирање дека ќе има одговор доколку Кина дејствува еднострано против Тајван.

„Ние нема да и кажеме на Кина што може да направи“, рече тој. „Но, во меѓувреме, ќе го ставиме Тајван во позиција да се брани“.

Ss1

Можете да прочитате

Над сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во маркети во Германија

Русија објави дека е постигнат договор за размена на деца со Украина

Стотици летови во Европа откажани поради штрајк на француските контролори на летање