Утрински Весник
Свет

Бајден ќе се извини за политиката на домородните интернати во САД

20241025080752 Big 730x400 5.webp.webp

Американскиот претседател Џо Бајден ќе се извини за улогата на владата во принудувањето на домородните деца во интернати каде многумина беа физички и сексуално малтретирани, а речиси 1.000 од нив починаа.

„Правам нешто што требаше да го направам одамна: официјално да им се извинам на идијанските народи за начинот на кој се однесувавме со нивните деца толку многу години“, рече Бајден при заминувањето од Белата куќа за Аризона.

Меѓу 1869 и 1960-тите, повеќе од 18.000 домородни деца, некои на четиригодишна возраст, биле насилно одведени од нивните семејства и ставени во системот за интернат.

Училиштата, често управувани од христијански цркви, беа дел од политиката на присилна асимилација иницирана од Конгресот во 1819 година како обид да се „цивилизираат“ американските домородци, домородците од Алјаска и од Хаваи.

Децата биле тепани, сексуално злоупотребувани и им било забрането да го зборуваат својот јазик и да се однесуваат на кој било начин што ја одразува нивната култура. Многумина со години не ги виделе своите семејства.

Во соопштението за медиумите, Белата куќа наведува дека Бајден верува дека „за да се воведе следната ера на федерално-племенски односи, мора целосно да ги признаеме грешките од минатото“.

Неговото денешно обраќање ќе значи првпат американски претседател да се извини за злоупотребата во интернати и принудното одведување на домородните деца – нешто што Обединетите нации го дефинираа како чин на геноцид.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд