Утрински Весник
Спорт

Бањаја го доби спринтот во Барселона, Мартин заврши трет

12632507.jpg

Актуелниот светски првак Пеко Бањаја победи во спринт трката во Барселона. Лидерот во вкупниот пласман, Хорхе Мартин го освои третото место. Разликата меѓу нив двајца во пресрет на последната трка во сезоната сега изнесува 19 поени.

Спринтот во Барселона не понуди некаков спектакл. Бањаја стартуваше од првата позиција и во ниту еден момент не го испушти водството. Брилијантен старт имаше колегата на Бањаја, Енеа Бастијанини Тој од седмото се проби на второто место, додека Мартин напредуваше една позиција на стартот.

До крајот борбата се водеше меѓу Бастијанини и Мартин за второто место. Шпанецот во четвртиот круг се проби зад Бањаја, меѓутоа Италијанецот му возврати во последниот круг, кога со одличен маневар во петтиот свиок се врати на второто место.

Во пресрет на утрешната трка, Мартин има 19 поени повеќе од Бањаја, што значи дека доколку Бањаја утре победи тој ќе мора да освои седум бода, односно да биде деветти.

Трката во Барселона, в недела ќе започне во 14 часот.

Можете да прочитате

Норвешкиот лизгач Ејтрем победи на трката на 5.000 метри на Олимписките игри во 2026 година

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот