Утрински Весник
Македонија

Bонредна крводарителска акција организирана во Штип

Bонредна крводарителска акција организирана во Штип

Штип, 15 април 2020 (МИА) – Штипскиот кризен штаб и Општинската организација на Црвениот крст организираа вонредна крводарителска акција. Секретарот на ОО Црвен крст-Штип, Викторија Милановска вели дека и во овие времиња на борба со непознатото, штипјани  се одважија и масовно одговорија на повикот за хуманост.

– Вкупно 42 крвни единици беа собрани во рамки на Граѓанската крводарителска акција од вонреден карактер.Ви благодариме што докажувате дека единствено заедно можеме се, вели Милановска.

Таа изрази благодарност и до Општинскиот кризен штаб од каде што произлезе иницијативата за масовна крводарителска акција. Крводарителите денес добија заштитни маски за повеќекратна употреба. вдј/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче прашува: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ

Започна втората фаза од автопатот Скопје – Блаце: 10,5 километри ќе се градат четири години