Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Претседателот Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Советот за безбедност на Република Северна Македонија утре од 12 часот ќе одржи седница во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.

На седницата Советот се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за спраување со пандемијата на Ковид-19, откако вчера Владата на 41-та седница реши да достави Заклучок до претседателот дека е потребна вонредна состојба за успешно справување со кризата.

На седницата, како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Фејсбук страницата на Претседателот и на неговиот Јутјуб канал. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Левица: ДПМНЕ го презеде бизнисот со историскиот криминал на Бехтел и Енка – нивни функционер стана дел од фирмата за надзор