Утрински Весник
Магазин

Авторката на „Сексот и градот“ не ги добила хонорарите што ги заслужила

Авторката на „Сексот и градот“ не ги добила хонорарите што ги заслужила

Кендис Бушнел се пожали дека не ги добила парите што ги заслужила за „Сексот и градот“ по огромниот успех на серијата, базирана на нејзината истоимена колумна во „Њујорк обсервер“.

dobivaj vesti na viber

Авторката на истоимениот бестселер вели дека видела само мал дел од стотиците милиони долари што ги заработи серијата. Таа ја критикува серијата дека не ѝ платиле доволно по хонорарот од 60.000 долари.

64-годишната Кендис напиша колумна за „Њујорк опсервер“ која беше адаптирана во најпродавана антологија.

Но, кога книгите биле продадени на ХБО за она што потоа стана мултимилионски серијал – шест сезони и два филма со Сара Џесика Паркер во главната улога – на авторката наводно ѝ биле исплатени само 60.000 долари за правата.

Во интервју за весникот „Сандеј мирор“, таа вели: „Не ги добив хонорарите што ги заслужив. Знаев дека тоа не е добра зделка, но бев под притисок од различни причини. Дури и мојот покоен татко, во една прилика пред 15-тина години ми рече: посакувам да учествуваше поцелосно во економски успех на ова дело.“

Кендис се надева дека продолжението на серијата, насловено And Just Like That… („И, едноставно, така…“) кое неодамна се врати во втора сезона – ќе продолжи да се прикажува со успех.

Но, таа се прашува што се случило со својата верзија што ја вгради во книгата во ликот на Кери Бредшо, пред да забележи дека Сара Џесика Паркер успеала да го направи тоа на свој начин и станала омилена меѓу фановите на серијата.

„Што се случи со Кери? Сè се вртеше околу мистер Биг – јас не ја замислив така приказната. Мојата цел, мојата порака до жените, не е да го бараат господин Биг. Треба да бидат свој сопствен мистер Биг. Сè е во пронаоѓање љубов, а тоа не е мојата порака до жените. Мојата порака е самоактуализација. Но, Кери е омилена кај фановите. Таа го направи тоа на свој начин – и добро за неа.”

Можете да прочитате

Мајкл и Кетрин прославуваат роденден на ист ден

Џорџ Клуни ја огласи на продажба куќата покрај езерото Комо

Ашер ќе го води шоуто на полувремето на „Супербол 2024“