Утрински Весник
Македонија

Автобус излета од патот кај Битола, повредени се 11 лица

Автобус излета од патот кај Битола, повредени се 11 лица

Автобус излета синоќа од патот Битола-Прилеп, пришто повредени се 11 лица.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила во 22.47 часот, а возилото го управувал М.А.(50) од Битола, соопшти полицијата.

„Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телесни повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола“, велат од МВР за несреќата.

Увид извршила полициска екипа од Битола.

Можете да прочитате

Жена и маж пронајдени мртви во стан во Скопје, претходно биле пријавени за исчезнати

Почина професорот и дипломат Јован Донев

Нестабилно попладне во Македонија: Пороен дожд и грмежи во повеќе региони