Утрински Весник
Македонија

Автобус и автомобил се судрија на патот Струга – Дебар, едно лице повредено

Soobrakajka.jpg

На 21.11.2025 во 11:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга- Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автобусот Ф.А.(58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол