Утрински Весник
Свет

Австралиската полиција уапси 1.600 луѓе и заплени дрога во вредност од 93 милиони долари

20240827071146 Big 730x400 30.webp.webp

Австралиската полиција соопшти дека уапсила повеќе од 1.600 луѓе и запленила дрога вредна 93 милиони австралиски долари (63 милиони американски долари) како дел од еднонеделна акција против недозволени дроги и организиран криминал.

Заедничката акција, наречена Операција Витреус, траеше од 19 август до 23 август и беше со цел беше да се намали достапноста на недозволени дроги низ Австралија, се вели во заедничката изјава на државните и федералните власти.

Како што пренесе ДПА, уапсени биле вкупно 1.611 лица под обвиненија поврзани со дрога. Властите, исто така, заплениле речиси 1.400 килограми дрога и повеќе од 2.500 растенија канабис, со вкупна проценета улична вредност од 93 милиони долари.

Меѓу запленетите дроги имало хероин, метиламфетамин, кокаин, МДМА и кетамин.

Можете да прочитате

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено