Утрински Весник
Македонија

Аврамовски од ЛДП: Потребни се искрена посветеност и сериозен ангажман од власта во надминувањето на кризата со транспортерите

Luben avramovski ldp.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

„Додека нашите владини претставници уверуваа за брзо решение со транспортерите,  претставникот на здружението ‘Меѓународен транспорт’, кое ги води преговорите со ЕУ за надминување на блокадите, изјави дека Унијата не прифатила ништо од нивните барања и дека се повторно се можни нови блокади”, изјави портпаролот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Љубен Аврамовски.

ЛДП уште пред две недели алармираше дека додека нашите министри се враќаат од Брисел со „одлични вести” за надминувањето на проблемот со транспортерите и ЕУ, босанскиот министер за транспорт Един Форто, изјави дека засега “нема решение за проблемот со транспортерите и ќе има дополнителна работна група”.

„Повторното нагласуваме, одложувањето на проблемот до септември не значи никакво решение, ниту одлична вест. Секој изминат ден за превозниците значи изгубено време и губење на заработката. Упатуваме апел до нашите државни претставници за искрена посветеност и сериозен ангажман во врска со надминување на моменталната криза со транспортерите. Возачите на камиони мора да бидат сметани за професионалци, а не за туристички патници”, вели Аврамовски во својата изјава за медиумите.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус