Утрински Весник
Македонија

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри

Sobranie.webp.webp

Собраниската Комисија за финансирање и буџет, во рамките на денешната седница ќе одржи Јавна расправа по Предло-законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа, се стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред сè на младата популација), заштита на приредувачите особено од нелојалната конкуренција, легализација и контрола на паричните текови во оваа област и остварувањето на интересот на државата.


Законот чие донесување се предлага, се засновува врз: начелото на ексклузивитет во приредувањето на игрите на среќа и начело на лиценцирање на правото на приредување на игрите на среќа и забавните игри; начелото на економичност и ефикасност на управната постапка на издавање, одземање, прекин и откажување на лиценците и дозволите пропишани со овој закон, како и во другите случаи на управно постапување од овој закон; и начелото на правна сигурност и заштита на приредувачите и учесниците во игрите на среќа и забавните игри.

Со Предлогот на закон се врши прецизно дефинирање на игрите на среќа и забавните игри, класификација на игрите на среќа, пропишување на специфичностите на управната постапка за издавање и одземање на правото на приредување на игрите на среќа и забавните игри, контролата врз приредувањето, прекршочните одредби, како и одредување на намената на приходите остварени од приредувањето на игрите на среќа и забавните игри.

Можете да прочитате

Бугарски пратеници со забранет влез се појавиле на судење во Македонија

Зошто денес има повеќе пожари отколку пред 15 години?

Родилка по царски рез останала неподвижна – ДСЗИ ја проверува документацијата во три болници