Утрински Весник
Спорт

Атлетик Билбао го доби дербито на Баскија

Img 7717

Фудбалерите на Атлетик Билбао го добија дербито на Баскија, едно од најголемите во шпанскиот фудбал.

На домашен терен Атлетик славеше над Реал Сосиедад со 2:1 во 20. коло од шпанската лига.

Атлетик одличната игра во првиот дел ја круниса со два гола. Во интервал од 13 минути стрелец беше Алехандро Беренгер во 30. и 43. минута.

Во 87. минута фудбалерите на Сосиедад успеаја само да го намалат резултатот на 2:1, а во листата на стрелците се запиша капитенот Микел Ојарзабал.

Можете да прочитате

Реал Мадрид со победа од пенал во последната минута

Волкановски ја одбрани титулата – светски првак

Алкараз е нов шампион на Австралија Опен