Утрински Весник
Спорт

Атанасов: Покажавме како се игра и гине за националниот дрес

Atanasov 0.jpg

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов по натпреварот со Летонија истакна дека е среќен на победата и потенцира дека вечерва сите покажаа како се игра за националниот дрес.

„Многу важни три бода. За овој натпревар се подготвувавме многу добро. Среќни сме што одигравме добро на терен и соработувавме како што треба. Тука сме за Македонија како и секогаш досега, докажавме како се гине за овој дрес. Беше тешко, но дадовме се од себе и одиме во Ерменија со три бода. Ни треба одмор и потоа да ги започнеме подготовките за следниот противник. Се надевам на добар резултат и против Ерменија“

Можете да прочитате

Ѓорческа го предаде полуфиналето во вториот сет на ИТФ турнирот во Порто

ЗОИ 2026: Карлсон и го донесе првото злато на Шведска

Поделени првите медали на ЗОИ: Злато за Швајцарија во машки спуст