Утрински Весник
Македонија

Атанасоски: ВМРО-ДПМНЕ го признава поразот во Центар

Blagojce atanasoski.jpg

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски смета дека одлуката ВМРО-ДПМНЕ да не настапи со свој кандидат во Општина Центар, туку преку прокси кандидат од редовите на ЗНАМ, е јасен сигнал дека партијата се има помирено со извесната повторна победа на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

„Штом ВМРО-ДПМНЕ не кандидираше свој човек, тоа значи дека и самите не веруваат во победа во Центар, иако тврдат дека ќе победат низ цела Македонија,“ пишува Атанасоски во својата колумна за „Локално“.


Тој оценува дека ЗНАМ по изборите ќе се соочи со тежок пораз и дека партијата ќе биде маргинализирана, слично како што некогашната НСДП на Тито Петковски од влијателен владин партнер се претвори во „најнебитен фактор“ на политичката сцена.

Кандидати за градоначалник на Центар се Горан Герасимовски, Билјана Ивановска и Мирослав Лабудовиќ. Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, а евентуалниот втор круг на 2 ноември.

Можете да прочитате

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена

Два нови пилоти за гаснење пожари се приклучуваат на ДЗС