Утрински Весник
Свет

Асоцијацијата на германски аеродроми предупредува за недостиг од гориво за авиони

Avion.jpg

Асоцијацијата на германски аеродроми (ADV) предупреди дека летови може да бидат откажани и цените веројатно ќе растат во иднина, поради недостиг на гориво за авиони, јави ДПА.

„Стравуваме дека ќе бидат откажани голем број летови, особено од нискобуџетните авиокомпании и до дестинации со помало значење за туризмот“, изјави Ралф Бајзел, извршен директор на ADV, за весникот „Велт“.


„Во најдобар случај за 2026 година, бројот на патници ќе остане ист. Во најлош случај, некои аеродроми ќе се соочат со пад на капацитетот од 10 отсто. Тоа би влијаело на 20 милиони патници“, рече Бајзел.

Тој додаде дека тоа би значело дека некои дестинации воопшто нема да бидат опслужувани, а други ќе имаат помалку летови, што ќе биде поскапо.

„Цената на керозинот е двојно повисока од пред војната повеќе од два месеци. Не очекуваме ситуацијата да се нормализира во наредните месеци“, рече Бајзел. „Дури и да има керозин, авиокомпаниите нема да можат да вршат многу профитабилни летови по оваа цена“.

Можете да прочитате

Ирански бродови без инциденти поминаа низ американската поморска блокада во Оманскиот Залив

УНИЦЕФ: Повеќе од милијарда деца изложени на повеќекратни климатски ризици

Венс: Меморандумот меѓу САД и Иран е општ документ, деталите допрва ќе се договараат