Утрински Весник
Македонија

„Јас гарантирам, поминете, нема да падне“, Гаревски ги охрабри пешаците кои не ја почитуваат забраната за движење на „Беласица“

„Јас гарантирам, поминете, нема да падне“, Гаревски ги охрабри пешаците кои не ја почитуваат забраната за движење на „Беласица“
300x250 (7)

Иако мостот „Беласица“ кај Транспортен центар веќе дванаесет дена е затворен и за сообраќај и за пешаци по пожарот во кој изгореа инсталациите за парно и се срони дел од бетонот, пешаци и велосипедисти го користат. Се шетаат по мостот, си прават селфиња, проверуваат каде горело…

dobivaj vesti na viber

Утрово оние кои ги игнорираа поставените барикади, на мостот се сретнаа со професорот Михаил Гаревски, директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Иако некои се обидоа да се вратат кога ја забележаа неговата екипа, која ја прави анализата на состојбата по пожарот и на мостот беше дојдена со автомобили, Гаревски им кажа да си поминат.

Ss1

„Јас гарантирам, безбедно може да се помине пешки, нема да падне мостот“, им рече и ги пропушти.

Си прават селфиња на мостот, пешаци и велосипедисти не ја почитуваат забраната за движење

За дваесетина дена тој најави дека ќе биде готов извештајот што го подготвува за оштетувањата на мостот и за неговата стабилност. Откога ќе биде готов извештајот, врз основа на наодите ќе се одлучи колку време ќе траат поправките.

„Поправки на мостот секако ќе има. Веќе е видливо дека е оштетена горната плоча во должина од пет метри и таа мора да се санира, но тоа ќе се заврши брзо. Доколку има оштетувања на пренапрегањето на мостот, на каблите, тогаш санација не може да се направи за помалку од шест месеци. Доколку нема такви оштетувања ќе се санира само горната плоча и оштетениот бетон каде што бил пожарот до 10-15 јули повторно може да биде вратен во функција“, изјави Гаревски за „Макфакс“.

Мостот изгоре во пожар кој ноќта на 12 мај пламтеше цели четири часа пред пожарникарите да го изгаснат. Изгореа топловодите и нивната изолација и направија видливи оштетувања на бетонот на мостот.

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

Ограбиле казино на патот Тетово-Јажинце, па полицијата ги уапси по неколку часа