Утрински Весник
Спорт

Артета: Овој пораз е голем удар за Арсенал

Артета: Овој пораз е голем удар за Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, е разочаран од елиминацијата на тимот во осминафиналето на Лига Европа. „Топчиите“ имаа големи амбиции за трофејот во ова натпреварување, но беа непријатно изненадени од Спортинг Лисабон кој ги елиминираше по изведување пенали.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е голем удар за нас. Сега ни преостанува да се фокусираме на Премиерлигата. Во првите 75 минути имаше моменти кога не бевме на вообичаеното ниво. Прелесно ја губевме топката и не го ставивме натпреварот под наша контрола. Имавме и неколку сериозни шанси за победа, а кога дојде мечот да се одлучува на пенали, тогаш сѐ може да се случи. Беше тежок натпревар, а ние не добивме доволно дуели и не го притиснавме доволно противникот“, изјави Микел Артета.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина