Утрински Весник
Спорт

Артета: Ако сакаме да бидеме шампиони мораме да го победиме Сити

Артета: Ако сакаме да бидеме шампиони мораме да го победиме Сити

Арсенал во среда ќе го одигра најважниот натпревар оваа сезона. Лидерот во Премиер лигата ќе гостува кај актуелниот шампион Манчестер сити. На табелата Арсенал со два натпревари повеќе од Сити има предност од пет бода. Сити со победа целосно ќе се врати во борбата за титулата.

dobivaj vesti na viber

Арсенал, во три натпревари испушти голема предност во однос на Манчестер сити. Свесен дека на „Етихад“ можеше да допатува со поголема предност на табелата, поранешниот асистент на пеп Гаврдиола, а сега менаџер на Арсенал, Микел Артета најавува дека неговиот тим ќе игра да победи.

„Ни претстои тежок натпревар и голем предизвик, но тоа е она што го сакавме. Кога тогаш моравме да играме против Сити на гости, а ако сакаме да бидеме шампиони, тогаш треба да ги победиме. За да бидемете најдобри, вие мора да биде подобари од другите Едноставно е…“, изјави Артета на прес-конференцијата пред големото дерби.

Микел Артета е уверен дека „топчиите“, дербито ќе го одиграат на високо ниво.

„Многу сакаме да ја освоиме Премиер лигата и тоа ќе го покажеме во среда“, потенцираше Шпанецот.

Натпреварот меѓу Сити и Арсенал, во среда ќе започне во 21 часот.

Можете да прочитате

Кениса Бекеле учествува на Олимпијадата во Париз

Реал одби 45 милиони евра за Гулер

Ван Перси го презеде Херенвен