Утрински Весник
Скопје

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш? 

Danela arsovska.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на социјалните мрежи жестоко реагираше на одлуката на Владата да му наложи на МВР и инспекторатите да извршат контрола на работата на Град Скопје и Јп „Комунална хигиена“

„Те велича  Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.


За ѓубрето низ Скопје е одговорна ТВОЈАТА криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор (земи читај допис ако имаш време меѓу заканите и правење бизнис)

За ѓубрето низ Скопје се одговорни ТВОИТЕ градоначалници кои сред избори повикаа граѓаните да фрлаат кабаст отпад, а немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото, па тоа ѓубре се мачат да го собираат вработените од КХС кои веќе се на крај на силите.

За ѓубрето низ Скопје е одговорно ТВОЕТО министерство за здравство, кое МИЛИОНИ му должи на Комунална хигиена. Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо?

По корумпирана и по плитка власт од ТВОЈАВА не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија. Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш ЛАЖЕШЕ, како и за сѐ друго што ЛАЖЕШ денес“ се вели во реакцијата на Арсовска.

Можете да прочитате

Без струја викендов делови од општините Бутел и Чаир

Град Скопје започна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух