Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Арсовска ќе поднесува кривични пријави за изгласаниот ДУП во Општина Ѓорче Петров

Picture 1057 660x500 1.jpg
Img 7972

Без согласнот од Град Скопје, Советот на општина Ѓорче Петров викендов на седница изгласале измени на Деталниот урбанистички пан (ДУП) со кој се драстично зголемени од 5 ката + поткровје, на 20 ката + поткровје дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“, информира денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска.

Како што појасни таа, иако морале да побараат мислење од надлежните институции, општината до Министерството за транспорт и врски доставиле барање, од каде на 16 февруари годинава е добиена согласност и во сабота е поминато на Совет на општината.

 Според Арсовска, согласнот за ДУП-от имало само од Агенцијата за катастар на  недвижности, а Град Скопје дале две негативни мислења.

Градот Скопје, како што најави Арсовска, ќе поднесе кривична против градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојковски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска и Весна Андреецска, вработена во Министерството за транспорт и врски.

 Од Уставниот суд, пак, ќе побара со времена мерка да ја запре примената.

 -Нема да дозволиме покрај овие бетонски зданија и изградба на три индустриски објекти од хемиската индустрија како потенцијални  катастрофи да се изградат во општина Ѓорче Петров,  рече Арсовска.

Можете да прочитате

Шукова: Старата скопска чаршија мора да биде срцето на современо, зелено и европско Скопје

Меџити: Во Дуќанџик инвестиција од 2 милиони евра за модерна инфраструктура и достоинствени услови за жителите

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?