Утрински Весник
Македонија

Арктичкиот ладен воздух полека патува и се спушта кон југоисточна Европа, а со тоа и кон Балканот

Screenshot 20241029 195330 Gallery.jpg

Во моментов на северот и на североистокот од Европскиот Континент е многу студено, каде температурите понекаде се спуштаат и близу -10 степени, а ќе биде и уште постудено во следниот период.

Исто така, во првата декада од месец Ноември Арктичкиот воздух полека ќе се спушта кон југоисточна Европа, а со тоа и кон Балканскиот Полуостров.

Особено студено во првата декада од Ноември на Балканот, а со тоа и во Македонија ќе биде во утринските и во ноќните часови, кога на многу места температурите ќе се спуштаат под нулата, а со тоа ќе има и појава на мраз. Ширум Балканскиот Полуостров, а со тоа и во Македонија понекаде температурите ќе се спуштаат дури и близу -10 степени во утринските и во ноќните часови.

Преку ден сепак температурите ќе бидат над нулата, односно тие ќе се искачуваат до околу 10 степени, локално и малку над 10 степени. Сепак, ќе има места каде температурата и преку ден нема да се искачи над 10 степени, односно таа ќе биде под 10 степени. Се на се, овој студен бран особено ќе го чувствуваме во ноќните и во утринските часови, а времето ќе биде стабилно и суво, што значи дека сушниот период продолжува и во првата декада од Ноември, соопшти метеорологот Славчо Попоски.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?