Утрински Весник
Спорт

Аргентина поразена во Парагвај, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

Untitled 2 15.jpg

Во јужноамериканските квалификации за СП 2026 година, Парагвај синоќа со 2-1 ја победи против Аргентина, која и покрај поразот остана прва на табелата, додека Бразил ремизираше 1-1 со Венецуела.

Светскиот првак поведе на гостувањето во Асунсион во 11. минута со голот на Лаутаро Мартинез, но Парагвај дојде до резултатски пресврт преку Тони Санабрија (19) и Омар Алдерете (47).

За Парагвајците ова беше прва победа на домашен терен над Аргентина по 15 години.

Петкратниот светски шампион Бразил одигра нерешено на гостувањето во Венецуела, откако играчот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор промаши пенал за победа.

Бразил дојде во водство со голот на Рафиња од слободен удар, а Теласко Сеговија донесе бод за Венецуела.

Еквадор на домашен терен ја совлада Боливија со 4-0.

Утре на програмата се дуелите Перу – Чиле и Уругвај – Колумбија.

Аргентина води на табелата со 22 бодови, три повеќе од второпласираната Колумбија, која има натпревар помалку, а пет повеќе од Бразил на третото место.

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа