Утрински Весник
Македонија

Во стабилна состојба е туристката која вчера падна кај Канео

Kaneo.jpg

Женско лице вчера попладне околу 14 часот паднало кај охридската населба Канео, кај карпите што се издигаат над јужниот брег на Охридското Езеро. Станува збор за повозрасна жена, туристка од Јапонија, која паднала на скалите кај црквата „Свети Jован Канео“, при што се здобила со полесни телесни повреди.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ја потврди информацијата, посочувајќи дека веднаш по дојавата за случајот на самото место биле испратени полициска и екипа на Службата за итна медицинска помош. Жената која била во бесознание била згрижена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, каде по укажаната медицинска помош ги повратила нормалните животни функции и е во стабилна состојба.


Можете да прочитате

ВРЕДИ: Редот, правдата и контролата се најголемиот страв на ДУИ

Јавен обвинител извршил увид на местото на злосторот во Прилеп – пронајдени три безживотни тела

ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека водела 5:1 во однос на СДСМ