Утрински Весник
Македонија

Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“

C09yreqbz6yfnnzhu3dh.jpg

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“ и предметот е вратен на повторно судење.

Од Апелација за МИА, потврдуваат дека има одлука по предметот и дека веќе е вратен во првостепен суд.


– Одлуката е укината, жалбите на обвинетиот како физичко и правно лице се уважени. По жалбите и по службена должност пресудата е укината и предметот е вратен на повторно судење, информираат од Апелација.

Посочуваат дека одлуката веќе е анонимизирана и ќе биде јавно објавена на страницата на судот.

За случајот, кој се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“, Кривичниот суд Скопје во март годинава, изрече една година и осум месеци казна затвор за сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, и парична казна од 800 000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице.

Можете да прочитате

Пациент со западно-нилска треска во критична состојба – заразен од комарец во Скопје

Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, МВР го регулира сообраќајот

Пајак црна вдовица каснал жена во Велешко, итно префрлена на Токсикологија