Утрински Весник
Македонија

Апасиев до граѓаните: Посочете лица кои ќе бидат јавно сослушани за аерозагадувањето

Apasiev.jpg

Апасиев ги повикува граѓаните и еко-активисти да посочат лица (експерти, професори, научници, зелени активисти, инспектори, министри, директори и сл.), кои ќе бидат јавно сослушани за аерозагадувањето во Македонија.

– Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ве повикувам да ми посочите лица кои би сакале да бидат повикани на јавното сослушување, кое ќе оди како директен пренос на телевизија. Кон крајот на овој месец, за прв пат во Собранието, по барање на опозицијата, ќе се одржи надзорна расправа за аерозагадувањето на Скопје и на другите градови низ Македонија – повика лидерот на Левица, пратеникот, проф. д-р Димитар Апасиев.


– Се надевам дека овој инструмент за парламентарна контрола и надзор над (не)работата на извршната власт, во иднина почесто ќе го користиме, како почеток на една нова политичка култура која пратеничката група на Левица ја воспоставува на политичката сцена во Република Македонија – додава Апасиев.

Од Левица информираат дека граѓаните и еко – активистите, своите предлози можат да ги доставуваат на е – адресата кај асистентот на пратениците од Левица: M.Krstev@sobranie.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

Мециновиќ Владата ја гарантира „шансата да изгубиш сѐ” –  коцкањето станува јавно-здравствена криза

На в.д. претседателот на Основниот суд Гостивар одземен му е пасошот