Утрински Весник
Македонија

Апасиев: Благодарност до сите кои ја прифатија нашата иницијатива за надзорна расправа за аерозагадувањето

Apasiev.jpg

Интегрален текст од соопштение на Левица:

Лидерот на Левица и претседателот на собраниската Анкетна комисија, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи изрази бладораност за поддршката која ја даде СДСМ, а потоа и ВМРО-ДПМНЕ по однос на денес поднесената иницијатива за надзорна расправа во врска со аерозагадувањето:


„Прва надзорна расправа за аерозагадувањето во Собранието и тоа во комисијата со која претседавам! Левица продолжува да прави преседани, ама позитивни.

Благодарност до сите кои ја прифатија нашата иницијатива. Конечно, ќе се дознае вистината за загаденоста и ќе се понесе политичка одговорност и мерки за надминување на труењето од кое сите патиме!” – напиша пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.

Можете да прочитате

„Есмералда“ од Чезаре Пуњи на сцената на Националната опера и балет на 19 февруари

ВМРО-ДПМНЕ: Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС, потребни се промени

„Ги запознаваме ретките болести“ – Апластична анемија